Посебен сообраќаен режим околу местата зафатени со поплавите

Министерството за внатрешни работи попладнево информираше дека со цел да се обезбеди непречена работа на механизацијата за санирање на штетите како и непречен дотур на храна, вода и лекови на жителите во населените места зафатени од поплавата во скопскиот регион воспоставен е посебен режим на сообраќај со кој се предвидува граѓаните од с.Арачиново кои се упатуваат кон Градот Скопје да не поминуваат низ Сингелиќ туку да ја користат скопската обиколница, а и граѓаните од с.Црешево и с.Стајковци кои се упатуваат кон Скопје исто така да ја користат скопската обиколница.

Истовремено тие апелираат граѓаните на с.Арачиново, с.Стајковци и с.Црешево да ја почитуваат сообраќајната сигнализација како и наредбите од полициските службеници кои ќе траат до надминување на кризната состојба.