Посебен сообраќаен режим на „Илинденска“ поради ревијална трка

Во организација на Стопанска банка АД Скопје, од 18 до 20 часот, ќе се одржи ревијална трка „Вози право, вози здраво“ со старт од ВИП-арената СЦ „Борис Трајковски“ лево по булеварот Илинден до Градскиот парк кај споменикот на Гоце Делчев, каде што ќе биде и целта на ревијалната трка.

Поради трката, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на булеварот Илинден од крстосницата со булеварот Свети Климент Охридски до крстосницата со улицата Љубљанска и паркинзите што гравитираат околу СЦ „Борис Трајковски“, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

За таа цел МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници на сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.