Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје - Возачите да ги избегнат овие улици

Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје.

СВР Скопје ги известува граѓаните дека денеска (23.09.2025, вторник) во периодот од 17:30 до 21:00 часот поради одржување на трка која ќе започне од пред Основното училиште „Кочо Рацин“, потоа десно по ул.„Тодор Александров“, десно по ул.„Партенија Зографски“ и десно по ул.„Ацо Караманов“, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.