СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека во четврток поради официјална посета на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземат мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.
Од СВР Скопје апелираат до граѓаните да се почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.