Посебен режим на сообраќај во петок и сабота во Скопје

Утре и задутре (02/03.06, петок и сабота) поради претстојниот верскиот празник Задушница, Министерството за внатрешни работи (МВР) ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

-Со почеток од 06.00 часот на 02.06. сообраќајот кон градски гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно, сите возила ќе се упатат по ул. „Бутелска“, лево по ул. „Александар Урдаревски“, лево по ул. „Боца Иванова“ и десно до влезот на гробишта Бутел, а за излез од гробишта - десно по ул. „Боца Иванова“, до кружниот тек на ул. „Бутелска“, па лево по ул. „Бутелска“ и десно по ул. „Кемал Сејфула“. Посебен режим на сообраќај ќе се воведе и по улиците кај гробишта во Камник и во Ѓорче Петров, соопшти МВР.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.