Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје

Во Скопје,со почеток од 8 до 20 часот, во организација на АМП ТИМ ДООЕЛ од Скопје, ќе се одржи најавената манифестација – „Авто плус стрит шоу“, на делот од булеварот „Илинден“, од крстосницата со улицата Аминта Трети до крстосницата со пристапната улица за влез во објектот на Град Скопје.

Од тие причини одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по должина на наведената траса, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. Истовремено, МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници на сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.