Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека денеска ќе има посебен режим на сообраќај во Скопје.
- Денеска (06.01.2023) поради најавено одржување на настан за одбележување на Бадник во Скопје, од 10 часот се до завршување на настанот, за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајниците околу соборниот храм “Св.Климент Охридски“ и тоа од објектот на Пошта на РСМ до крстосницата кај Соборниот храм и од крстосницата кај Соборниот храм до зградата на Владата на РСМ, информира МВР.