
Во Скопје денес ќе биде воведен посебен режим на сообраќај поради одржување на меморијалната дуатлон трка „Меморијал Ѓоко Кузмановски“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Настанот ќе се одржи во периодот од 09:00 до 13:30 часот, со стартно-целна позиција пред спортскиот центар „Јане Сандански“. Натпреварувачите ќе се движат по дел од булеварот „АСНОМ“, на потегот од крстосницата со улицата „Васко Карангелевски“ до крстосницата со булеварот „Србија“, како и по дел од улицата „Васко Карангелевски“, од крстосницата со булеварот „АСНОМ“ до пристапната сообраќајница кај „Мајчин дом“.
Од тие причини, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за пренасочување на сообраќајот по околните улици.
Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници и да се придржуваат кон привремените сообраќајни правила на делниците каде што ќе се одвива настанот.