Посебен момент на денешната трка во Струмица: Мајка со своето дете со церебрална парализа трчаше низ дождливите улици на Струмица

Дождот не ја спречи да биде дел од спортската манифестација „Струмица трча“.

Фото: Фејсбук/Струмица денес

Со своето дете, кое има церебрална парализа, една мајка денеска трчаше низ улиците на Струмица, испраќајќи силна порака за љубовта, посветеноста и инклузијата.

Нивното учество привлече внимание и донесе посебна топлина на денешниот спортски настан. Додека дождот ги следеше учесниците низ градските улици, мајката и детето покажаа дека спортот е простор за сите, без разлика на предизвиците со кои се соочуваат.

Фотографијата од нивното учество  беше објавена на Фејсбук страната „Струмица денес“ и е еден од најубавите моменти од денешниот настан, но и пример дека најсилните пораки не се испраќаат со зборови, туку со дела.