Посакував да ги знаев овие работи кои имав 20 години

Го живееме животот и деновите и годините минуваат. Дел од луѓето кои сме ги знаеле и сакале како деца веќе не се дел од нашиот живот.

Ни се случуваат милион работи кои се важна лекција во животот. Но, штом наполниме 30-40-50 години, посакуваме да сме знаеле некои работи кога сме биле помлади. Тогаш, се би било поинаку. Или  не?

Самите сме тие што му даваме значење на животот. Ако немаме волја самите да го направиме тоа, другите никогаш нема да го направат тоа за нас.

Не постои совршениот партнер за нас. Постои личност која има квалитети и карактеристики кои одговараат на нашиот карактер и со која можеме да изградиме одличен однос и да бидеме среќни.

Потребно е да бидеме романтични и среќни за малите нешта, бидејќи кога ќе ги пропуштиме веќе е предоцна.

Колку помалку се жалиме, толку повеќе причина за среќа наоѓаме во себе и околу себе.

Блиските луѓе се тие кои го прават животот поднослив, но и вреден за живеење.

Сите што ги сакаме ќе ги снема некогаш. Да ги цениме додека се тука.

Љубовта е тешка, животот е уште потежок. Некогаш учиме некои лекции, а некои пак остануваат ненаучени до крајот на животот. Да се потрудиме да не бидеме престроги кон себеси.

Животот не е филм, но вреден е да се живее. Секој момент од него.

Не се плашете од ризиците. Тие ги носат најубавите работи во животот.

Не очекувајте резултати веднаш. Резултатите не доаѓаат кога ние ќе посакаме.