Посакувам љубов каква што имале нашите баби и дедовци...

Посакувам старомодна љубов во која работите се случуваат полека, љубов во која нема веднаш да брзаме со работите. Сакам да одам на состаноци, сакам да го разберам човекот со кого излегувам и да ги слушам неговите приказни, да гледам како се однесува во живо, на преку интернет.

Сакам некој да ме покани на вистински состанок, а не само на „ајде да се дружиме“ тип на состанок. Сакам да минувам часови подготвувајќи се и да танцувам во соба со пријателките додека се подготвувам. Сакам да дојде по мене и да имам пеперутки во стомак додека одам да се поздравам со него.

Сакам да седиме во некое кафуле или ресторан и сериозно да разговараме за важни работи. Не сакам да слушам озборувања или да зборувам за мода. Сакам да зборувам за животот и за тоа од каде потекнуваме. Сакам да го слушам што ми зборува додека седи наспроти мене и сакам и тој да ме слуша мене. Не сакам да се натпреварувам со мобилниот телефон за да го добијам неговото внимание.

По состанокот сакам да прошетаме затоа што и на двајцата ни е убаво. Сакам да шетаме осветлени од уличните светилки и да се смејам, да бидам исполнета со надеж. Сакам да ме испрати до дома. Сакам да ја почувствувам онаа нервоза, таа возбуда околу тоа дали ќе ме бакне или не, без очекување дека мора веднаш да се случи нешто повеќе.

Но, највеќе од сѐ, сакам да биде искрен и навистина да го мисли тоа што го кажува. Сакам да биде искрен околу тоа дека му било забавно и ако ми каже дека ќе ми се јави, навистина да го стори тоа. Не сакам со денови да чекам и да се надевам дека ќе ми се јави или пише. Сакам да го чујам неговиот глас. Не сакам игри, не сакам правила, сакам искреност.

Ако сѐ пројде добро и ако се јави, сакам старомодна љубов. Сакам да дојде и да ме изненади со цвеќе, сакам да ми ја придржи вратата, сакам да биде кавалер. Не сакам подароци, не ми треба објавување на статус на врска на Фејсбук, само сакам некој искрен и добар. Некој поради кого нема да се преиспитувам дали сака или не сака да биде со мене.

Сакам да ми донесе нешто кога сум болна. Сакам некој кој ќе планира патувања со мене. Некој кој ќе ме изненадува со ситници, затоа што тие ситници ми се најважни. Сакам некој кој ќе се бори за нас кога работите ќе бидат тешки, некој со кого ќе можам да разговарам за нашите проблеми. Сакам некој кој нема да побегне кога ќе се појават проблеми, бидејќи проблемите се неизбежни, но секогаш може да се најде решение.

Освен што имам желби, имам и многу љубов која сакам да ја подарам некому.

Сакам да му направам утринско кафе и доручек. Сакам да го изненадам со романтични гестови, како и тој мене. Сакам да се грижам за него кога е болен. Сакам да му пишувам пораки на хартија. Сакам да правам многу работи за него.

Сакам некој кој сака љубов каква што имале нашите баби и дедовци, затоа што она што го научив од нив е дека тие успеале...