Портокали - суперхрана која штити од рак, висок холестерол и го чува телото од инфекции

Портокалите се високо рангирани како суперхрана која треба да ја конзумираме во текот на целата година, а особено во зимските месеци.

Тие се богати со витамин Ц, а се одличен додаток за многу пијалоци, салати и различни јадења. Освен тоа, не содржат масти и имаат мал број на калории, а се богати со антиоксиданти, витамини и минерали.

Ова се некои од најголемите бенефити од нивното редовно конзумирање.

Низок холестерол  - ова овошје е богато со природни влакна што придонесува за намалување на холестеролот во крвта.

Намален ризик за заболувања на бубрезите  - редовното конзумирање на сок од портокали ги спречува болестите поврзани со бубрезите, а особено создавањето камења и песок во бубреџите. 

Заштита од некои видови рак – Портокалите содржат фитохемикалии кои штитат од рак. Тие се богати со цитрусни лимоноиди кои придонесуваат за намалување на ризикот од некои видови рак како што ракот на простата, стомакот, градите, белите дробови и кожата. Освен тоа, ова јужно овошје содржи и каротеноиди, моќни компоненти на витаминот А, што го намалува ризикот од рак на црниот дроб.

Ја штитат кожата – портокалите се богати со бета-каротен, моќен антиоксидант кој ги штити клетките на кожата од оштетување. Тоа ја заштитува кожата од влијанието на слободните радикали и го спречува предвременото стареење.

Го подобруваат кардиоваскуларното здравје – портокалите се богати со калиум, кој е електролитен минерал одговорен за поддршка на функциите на срцето. Кога нивотоа на калиум се ниски, често доаѓа до аритмија.

Го регулираат крвниот притисок – хесперидинот, моќна состојка која може да се најде во портокалите придонесува за регулирање на крвниот притисок. Освен тоа, тие содржат и магнезиум кој исто така помага за нормализирање на притисокот.