Porsche го достигна своето рекордно ниво

Porsche AG забележа силен старт на годината. Во првите три месеци од 2017 година, компанијата го зголеми бројот на испораките и бројот на вработени во однос на истиот период претходната година.

Во текот на овој период, бројот на испораки се зголеми за 7% односно 59.689 возила, а работната сила се прошири и сега изнесува 28.249 вработени, што претставува зголемување за 13%. Заменик претседателот на управниот одбор и член на извршниот одбор за финансии во Porsche AG, Луц Мешке, нагласи: "Овие исклучително добри резултати се логично продолжување на нашата рекордна 2016-та година. Ние уште еднаш го надминавме нашето рекордно ниво".

“Нашиот успех е резултат на атрактивната понуда на фасцинантни возила”, изјави Оливер Блуме, претседател на извршниот одбор на Porsche AG. “Новата Panamera е многу добро прифатена од страна на нашите клиенти - особено во својата plug-in хибрид варијанта како и новиот Sport Turismo модел. Porsche Panamera Turbo S E-Hybrid докажаа дека електромобилноста и врвните спортски перформанси не се контрадикторни концепти на Porsche. Ние во исто време се движиме кон дигитализацијата. Го комбинираме традиционалниот Porsche дух со моќта на новите технологии - и со една јасна цел: Porsche да остане водечки снабдувач на решенија за дигитална мобилност во автомобилскиот премиум сегмент".