Според радарската слика, Скопската котлина e зафатена со пороен дожд и грмежи известуваат од УХМР. Според нив оваа облачна маса се движи кон Велешкиот регион каде и таму се очекуваат интезивни дождови.
Претходно и гостиварскиот регион зафатен со нестабилна облачна маса проследена со пороен дожд,грмежи , засилен ветер и наместа можна појава на суградица.
Од УХМР извесија дека денес во северозападните делови уште од претпладне, а во останатите околу пладне и попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер (над 60 км/час) и услови за појава на град.