Нестабилна облачна маса веќе зафати дел од земјава.
Нестабилноста почна југоисточно од Штип проследена со грмежи, пороен дожд и појава на град, информираат од УХРМ. Нестабилност има и во југозападниот и западниот дел на Македонија, и во регионот на Македонска Каменица.
Нестабилното време ќе се задржи до петок, a слично време се очекува и следната недела.
Според светските метеоролошки сервиси, дождливо време ќе се задржи до почетокот на мај, односно до полу-продолжениот првомајски викенд.
Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја, апелираат од ЦУК.