Дали породилното отуство ќе се скрати на пет месеци?

Шпекулации дека породилното отуство за мајките ќе биде скратено од девет на пет месеци се проширија на социјалните мрежи изминатите денови. За ова алармираше и докторот Ненад Лазаров. Се шпекулира дека се предлага намалување на породилно од 9 на 5 месеци. Некои викаат 5месеци мајчинство + 4 месеци родителство и сл. На ваков катастрофален природен прираст, се надевам дека некој веднаш ќе го демантира предлогов, никакви шпекулации не се во ред на ваква сензитивна тема, го сподели тој својот став, напиша тој на фејсбук. 

Но, Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска на прес-конференција во Владата го појасни делот за породилното отсуство од новиот предлог-закон за работни односи и нагласи оти нема да има кратење на работничките права.

– Нема кратење на работничките права во однос на породилното отсуство. Тоа значи дека не се крати сегашното породилно отсуство од девет месеци, туку даваме можност и за таткото да се вклучи во грижата на своето дете. Во првите две години од раѓањето на детето им овозможуваме родителско отсуство од четири месеци. Односно, имаме мајчинство од пет месеци, тоа е во првите пет месеци од раѓањето на детето, понатаму четири месеци родителско отсуство за мајката и четири месеци родителско отсуство за таткото. Тоа значи дека мајката и таткото можат да ги користат заедно, најизменично или еден по друг, зависи од договорот меѓу двајцата родители, информира министерката.

Дополнително, како што рече, имаат предвидено 15 дена татковство, односно од првиот ден на раѓање 15 дена доколку се роди едно дете, а за близнаци или повеќе деца татковство од 20 дена. Дополнително на ова право за работниците има и неплатено отсуство за двајцата родители во траење од два месеци кои, како што појасни министерката, можат да го користат до осумгодишна возраст на детето.

– Сето тоа се работи за да ги изедначиме можностите и правата на жените и мажите во процесот на парзарот на труд за да може и таткото да се вклучи во грижата на детето и за да може многу полесен да биде и пристапот и кариерата на жената додека е на работа, рече Тренчевска.