Породилно отсуство до 12 месеци - ветено, а не се знае дали ќе се реализира, идните мајки реагираат!

Породилното отсуство од сегашните девет месеци ќе се продолжи на една година, а дел ќе може да го искористат и татковците. Ова се предвидува во измените на Законот на работни односи, со кои е планирано породилното отсуство од сегашните 9 месеци да се продолжи за уште три месеци.

Со новите измени во Законот за работни односи породилното отсуство од работа би било околу 12 месеци, од кои 5 месеци се предвидени како задолжително отсуство на мајката. Остатокот, ќе може да се комбинира со таткото.

Ова беше најавено, но реалзација се уште нема, а ниту пак се знае точно кога Законот ќе почне да се применува. 

Беше најавено дека Законот треба да се усвои во јуни, но се уште нема ништо. 

Иницијативите за овие измени особено зачестија во последниот период.