Поразителни фотографии: Водно „украсено“ со отпад

Водно – гордоста на скопјани и, во последниве години, место каде скопјани се напојуваат со чист воздух, подалеку и повисоко од штетните пм-честички овој пат е „украсено“ со отпад на повеќе локации. 

На социјалните мрежи се појавија фотографии на кои јасно се гледа човековата негрижа и некултура. 

На отпадот не му е место на Водно, Срам невиден! - алармираат екоактивистите. 

„Премногу штета правиме. Можеби би требало да им се забрани на луѓето да излезат од населените места. Или пак да се наплаќа, што знам, 500 МКД од човек. Изгледа нема друг начин.“ - реагираат загрижените граѓани.