Порано сонував за совршен маж, сега сакам само некој кој ќе се труди околу мене...

Совршените мажи се како еднорози. Колку побргу сфатите дека не постојат, толку подобро. Порано сонував за совршен маж, принцот на бел коњ кој постојано ќе го осветлува мојот живот. Но, повеќе не го барам совршениот маж. Се разбудив.

Сфатив дека едноставно сакам човек кој ќе се труди околу мене затоа што ме сака, а тоа е најблиску до совршенството што некој може да го добие.

Сакам некој кој ќе се труди да ме разбере.

Не сакам да се согласува во сѐ со мене, но не сакам да ме осудува. Сакам да се чувствувам разбрано и да имам слободен простор за да се изразам себеси. Не можам да ветам дека секој ден ќе биде мед и млеко, но ќе го ценам тоа што се труди да ме разбере.

Сакам некој кој ќе вложи напор да ме слуша.

Дури и ако не знае што да каже, сакам само да ме ислуша. Не мора да зборува ако не знае што да каже, но сакам да се интересира за тоа што имам да го кажам.

Сакам некој кој ќе вложи напор да се бори за мене.

Не сакам да се случи да ми го заврти грбот ако некој каже нешто лошо за мене или ако се случи нешто лошо. Сакам да биде маж и да се бори за мене.

Сакам некој кој ќе се потруди да се чувствувам посебно.

Сакам маж кој ќе се потруди да се чувствувам посебно. Не мора да биде нешто големо. Доволно е да ми донесе кафе кога знае дека сум мртва уморна.

Сакам некој кој ќе се потруди да покаже дека е горд што ме има.

Не сакам да игра игри со мене. Одвреме-навреме сакам да вложи напор и да ми покаже дека се гордее со мене.

Сакам некој кој ќе се труди да ме изненадува

Сакам некој кој доволно ќе се ангажира да ми приредува мали изненадувања, ситници со кои ќе ми го разубави денот.

Сакам некој кој ќе се потруди да се однесува со мене како да сум дама.

Да, јас сум силна и независна, ама сакам понекогаш да прави да се чувствувам како тој да е главен, а јас сум неговата дама. Доволно е понекогаш да ми ја отвори вратата од автомобилот или да ми го подмести столчето.

Сакам некој кој ќе се потруди да стави насмевка на моето лице.

Сакам некој чија среќа ќе биде одраз на мојата среќа. Ако не се чувствувам добро, не сакам да ме игнорира. Сакам да се потруди да ме расположи. Не мора да глуми кловн, доволно е само да се потруди да се насмевнам.

Не сакам да биде совршен, навистина. Само сакам да видам дека се труди. И нема да прифатам ништо помалку.