Порано со часови се чекаше ред - денеска во Скопје има само една телефонска говорница, но и таа не работи

Денеска децата не ни знаат дека порано постоело такво нешто, но постарите генерации многу добро се сеќаваат на нив. Ги имаше речиси на секое ќоше, а понекогаш и со часови се чекаше ред за телефонирање. 

Денеска веќе ги нема. Во Скопје постои само една говорница која на прв поглед е во одлична состојба, но за жал не работи. Се наоѓа во ГТЦ на паркингот во подрумскиот дел. 

Овие говорници во минатото беа најкористени средства за комуникација, а денес само стари кутии што ги нагрдуваат градските улици. 

На територија на Македонија во 2003 година беа поставени 1.060 говорници од кои 600 беа монтирани во градот Скопје. Во 2012 година во Скопје опстоија 200 говорници, од кои половина беа функционални. За нивно користење беа потребни еврочип-картички. Тоа беа картички за разговор од јавните телефонски говорници, во вредност од 150, 250 и од 500 денари и можеа да се купат во продавниците на „Македонски телеком“ или, пак, во продажната мрежа на овластени партнери. Одамна веќе овие чип-картички не се продаваат по трафиките. 

За разлика од Македонија јавните телефони во Европа сè уште се употребуваат. 

Air Max 90 Check In