Порано невестата се оценувала по плетката, а денес прво се гледа колку лајка има на Фејсбук

Младите денеска прават свадби како што тие посакуваат, а не како што се правело во минатото. Дел од овие обичаи немаат значење, или пак не го ни знаеме, но ги применуваме бидејќи така вели традицијата.

Ние Македонците сме познати по посебни обичаи. Имам обичај за се и сешто. Обичај за свадба, за веридба, за кршевка, за слава...

Нашите прабаби, баби и мајки биле многу вредни. И покрај тоа што во куќата и семејството тие претставувале столб, не ја занемарувале и рачната работа која претставувала украс за очите и им ја смирувала душата. После долгиот напорен ден, обврските со куќата, децата, тие наоѓале утеха и во рачната работа. Чингелакето и иглите им биле најверни друшки. Од нивните раце произлегле најсовршени нешта,

Порано сите жени знаеле да плетат, дел од своите креации ги следеле по тогашните списанија. Милјеата биле составен дел од тогашните чеизи кои ги подготвувале невестите .

Poentles ( врвна женска вештина на изработка на “милје“ од конец ) за добра мажачка. Стројниците прво вршеле контрола на милјеата па давале оценка. Пресуден бил судот на свекрвата.

Е, денес прво се цени невестата колку лајка има на ФБ.