Поранешниот министер за внатрешни работи Чулев, позитивен на коронавирусот

Наќе Чулев, поранешниот министер за внатрешни работи е позитивен на Ковид-19. Тој ова го објави на својот профил на „Фејсбук“, и истакна дека се чувствува добро.

„Во текот на изминатите денови направив тест за кој денес добив позитивен резултат за Ковид 19. За жал и покрај сериозната претпазливост не успеав до крај да се одбранам од вирусот кој многу често знае да биде непредвидлив и чуден.

Во овој момент се чувствувам добро, немам посериозни здравствени проблеми и се лекувам во домашни услови.
Апелирам до сите вас да водите грижа за своето здравје и да се придржувате до препораките за заштита на здравјето.

Уверен сум дека и овој предизвик ќе го победиме со внимание, грижа и позитивна мисла. Чувајте се и бидете во добро здравје!“, напиша Чулев.