Поранешниот градоначалник на Аеродром повикува на обединување за Гордана Силјановска

Мислам дека ВМРО-ДПМНЕ има квалитетни кадри кои можеа да бидат кандидати за претседателските избори, но тоа е веќе завршена тема. Сега е потребно да се обединиме околу изборот на проф. Силјановска за остварување што е можно подобар резултат на претстојните претседателски избори. Ова во интервју за 24инфо го вели Ивица Коневски, поранешен градоначалник на Аеродром.

Силјановска беше моја професорка на Правниот факултет и знам дека станува збор за неприкосновен професионалец. Јас лично мислам дека таа е многу поквалитетен кандидат од нејзиниот ривал Стево Пендаровски, додава Коневски.

Коневски додава дека на народот му е преку глава од негативните кампањи, од клевети и постојани обвинувања.

Таквата атмосфера што веќе е наше секојдневие, според мене, ќе резултира со намалена излезност на претстојните избори, вели тој во интервјуото.