Поранешен возач на бизнисмен од неговата сопруга се обидел да изнуди 150.000 евра

Единица за насилен криминал при секторот за внатрешни работи Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против 32- годишен скопјанец со иницијали Т.П. поради основи на сомневање дека извршил кривично дело „изнуда“ предвидено и казниво по член 258, а во врска со член 19 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Како што соопштија од МВР пријавениот T.П. претходно работел како личен возач на сопругот на оштетената, a во текот на минатиот месец и се јавил преку телефон и посочил дека поседува документи што се од интерес на сопругот, кои доколку истата сака да ги добие ќе треба да исплати сума од 150.000 евра.

Притоа, Т.П. упатил сериозни закани по животот на оштетената и нејзиното семејство доколку каже некому. По добивање на пријавата, од страна на полициски службеници од единицата за насилен криминал при СВР Скопје се преземни мерки и активности за расчистување на случајот, велат од полицијата.

Врз основа на добиена наредба од Основен суд Скопје 1 – Скопје, извршени се претреси на две локации во Скопје каде што прјавениот престојувал, велат од полицијата и додаваат дека во текот на вчерашниот ден лицето е приведено во полициска станица.