Порака за сите добри луѓе на светот

Луѓето секогаш ми велат дека добрината не е добра за мене, дека таа ќе ме уништи. Таа навистина ми донесе болка и несреќа и многу често посакував да се сменам, да не чувствувам толку силно. Луѓето често ги земаат „здраво за  готово“ најдобрите луѓе и ја искористуваат нивната добрина.

Голем дел од луѓето се однесуваат како да е криминал да си добра личност. Како да не е дозволена нежноста и добрината во овој свет. Но, тоа е грешка.

Не му дозволувајте на светот да ве направи лоши личности. Не дозволувајте да бидете лути и студени како другите. Не дозволувајте никој да ја украде добрината од вас. Добрината ви дава можност да го видите најдоброто од светот. Да бидете отворени кон другите, да давате можности, да верувате во хуманоста на светот.

Не се разочарувајте од злобните и празни луѓе кои сакаат да ви наштетат и да ви покажат дека тие се подобри од вас. Не се и никогаш нема да бидат. Бидејќи тие немаат златно срце како вашето. Ќе направат грешка и ќе ви наштетат денес, но нема да најдат спокој и среќа кои траат долго.

Добрите луѓе се благословени бидејќи нивната добрина е ретка. Нивната добрина е најпрекрасното нешто на светот, а нивното срце полно со љубов и нежност. Таквата добрина е толку ретка што постои само кај некои луѓе, но таа не е воопшто лоша. Тој што ја цени добрината, заслужува добрина. Тој заслужува да биде животот на овие луѓе.

Не се откажувајте од убавината во вашето срце, само поради тоа што светот ви вели дека треба да бидете поинаку. Не го менувајте лебот со камења  и не се менувајте. На светот му се потребни луѓе како вас.

cheap nike free run 5.0