Пауло Коељо открива што да направите кога една фаза во животот ќе заврши - совет како сами да се мотивирате наспроти проблемите, предизвиците и емотивните рани!
Низ животот се менуваат светли и темни денови, среќа и тага, позитивни и негативни искуства. Кога ќе се соочиме со денови кои не се баш едни од најубавите, ќе се појават проблеми и ќе изгубиме мотивација, потребно е да ја промениме перспективата. Без разлика дали имаме криза на работното место, проблеми со пари, партнер кој нѐ изневерил, пријатели кои нѐ повредиле – прифатете ги такви какви што се и продолжете напред по својот пат на развојот.
Познатиот бразилски писател, Пауло Коељо напишал многу дела и романи, а секој од нив има вредни и инспиративни мисли. Еден цитат од овој познат писател, а воедно и голем мудрец, ќе ве мотивира да ги пребродите животните тешкотии и да продолжите напред кон подобар живот.
„Понекогаш мораш да умреш за да почнеш да живееш“
Овде смртта се толкува како крај на нешто – некоја врска, работно искуство, доживување... Кога ќе заврши нешто, потребно е тоа да го прифатиме. Прифатете дека нешто завршило и тоа оставете го зад себе. Ако стоите во место и го набљудувате крајот, тоа може само да ви донесе стагнирање и ограничувања на патот до успехот.
Ако после сериозен губиток или неуспех и понатаму сте живи, тогаш едноставно мора да живеете уште поинтензивно. Наместо да ја насочите енергијата на вашата болка, огорченост, лутина, подобро е да се фокусирате на интелектуална и креативна енергија која ќе ви помогне да творите и да создавате.
Замислете дека со завршување на едно, се отвора простор за нешто друго и ново. Посвете се на градењето на тоа ново искуство, креирајте, организирајте се, преземете акција. Почнете од нула. Тоа покажува дека сте силни и подготвени да го подобрите својот живот.
Нема трансформација кога во животот сѐ е добро. Кога нешто ќе исчезне, нешто друго се создава. Човекот повторно се раѓа кога ќе се соочи со предизвиците, ќе се преобликува себе си и ќе стане нов, посилен.
Трансформацијата бара многу труд: се ослободуваме од сите работи во животот кои нас повеќе не ни служат, прифаќаме нови и ги менуваме сфаќањата кои нѐ блокираат за она што нѐ мотивира да станеме најдобра верзија од себе.
Кога ќе се соочите со тешките моменти во животот, се испирирате за промени, ги прифаќате. Во некои ситуации важно е да разбереме дека нешто засекогаш сме изгубиле, но можеме да избереме да добиеме нешто подобро како замена. Секогаш негувајте надеж, фантазија и со многу љубов мотивирајте се себе си.