Порака на денот: Животот не чека нас да бидеме подготвени за нешто

Постојано си велиме или пак ги слушаме другите како велат дека не се подготвени за нешто во нивниот живот.

Photo by Aziz Acharki on Unsplash

Но, вистината е дека животот не чека на нас.

Погледнуваме околу нас и си велиме дека другите веќе го имаат она за што ние сонуваме. Но, можеби тие луѓе не се прашале себеси дали се подготвени, туку ја грабнале шансата која им се појавила пред очи. Можеби долго време работеле на нешто, а на крајот стигнале до успехот по 100 обиди. Можеби и го добиле она што не го ни барале, ниту пак очекувале.

Но, кога животот е прекраток, а нашите желби и соништа огромни, ние имаме 2 опции:

1.Да чекаме и чекаме додека конечно станеме подготвени за нешто

2. Да му дозволиме на животот да ни го даде она што го има за нас и да си дадеме шанса да видиме колку среќа ќе ни донесе сето тоа

Дали некогаш ќе бидеме целосно подготвени за работите од кои се плашиме или можеби ги одложуваме од било која причина? Другите не се подобри од нас, тие немаат повеќе среќа, туку  можеби едноставно се препуштаат на тоа.

Уште една вистина е дека секој од нас има одреден страв и сомнеж во себе, но никогаш не треба да дозволиме тоа да нè спречи да го достигнеме својот потенцијал. Не мораме да имаме јасна линија на настани и ситуации во нашиот живот, не мораме да имаме план, не мораме да имаме „диплома“ и знаење за секој аспект од животот.

За животот најдобро учиме, живеејќи го.

Никогаш нема да сме 100% подготвени за нешто. Ниту еден ризик нема да биде едноставен, но тој вреди, бидејќи тоа е суштината и вредноста на тоа да се биде човек. Да се живее живот исполнет со надежи, предизвици, соништа, па и неуспеси и затворени врати, кои некогаш нè обесхрабруваат, но полека нè доближуваат до оние кои сме.

Само треба да го направиме првиот чекор. Да веруваме во себе!