Порака на денот: Животот ќе тера по свое, но изборот е твој...

И така... чекор по чекор, ден по ден, доаѓаш во години кога сфаќаш дека прашање на избор е дали ќе продолжиш да чекориш низ животот во грч, нервоза, со иронија и сарказам, со постојана лутина и незадоволство, постојано барајќи виновник за она што не се случило, а можело да се случи или за она што се случило, а не морало баш да се случи. 

Или ќе избереш насмевка и убав збор, елеганција во секојдневието, отменост во едноставноста, добрина во погледот и топлина во пристапот. 

Животот секако ќе тера по свое, но на тебе е да избереш дали ќе се движиш низ него како накострешен ѕвер, постојано со страв во коски и на готовс да скокнеш или ќе се движиш како грациозен лебед.

Достоинството, мирот и хармонијата, убавината на животот се како подарок на годините во кои сме стекнале мудрост.

„За моја душа“