Порака на денот: Животот е премиера, а не генерална проба!

Често се однесуваме кон животот како да е генерална проба за некоја претстава. И затоа чекаме, се двоумиме, внимаваме, залудно трошиме време во обидите се да биде совршено.

И во целиот тој хаос, забораваме дека ова е единствениот живот кој го имаме. Овој живот е нашата премиера, нашата главна сцена и мораме да го живееме така.

Мораме да го живееме со сиот сјај и светлина, но и со сенките кои тој ги носи. Наместо да ги одложуваме работите за утре, за следниот месец, за следната година, треба да почнеме уште денес. Затоа што утре можеби и нема да дојде. Ќе дојде, ама можеби за некој друг.

Уште денес почнете да ги правите работите кои ги одложувате за следниот петок или првиот понеделник од наредниот месец. Уште денес јавете им се на луѓето кои ви недостасуваат и излезете на кафе. Уште денес прегрнете ги луѓето кои ги сакате.

Живејте и сакајте како да е последен ден на планетава, затоа што еден ден, тоа и навистина ќе биде последниот ден.