Порака на денот: Времето брзо минува, да уживаме во секој миг

Времето брзо минува. Секој ден некој го напушта овој свет и староста често нема врска со тоа, затоа што многумина го напуштаат светот иако не остареле.

Сите стоиме на ред и чекаме. Никогаш не знаеме колку луѓе се пред нас. Не можеме да се вратиме назад. Не можеме да го напуштиме редот. Не можеме да избегнеме да бидеме во него...

Додека чекаме во редот... Да уживаме во секој миг. Ако е потребно да се смириме со некој, да го направиме првиот чекор. Да си ги наредиме приоритетите. 

Да направиме сè што можеме за луѓето околу нас да се среќни. Да им го олесниме и на нив чекањето во редот. Да им помогнеме да го препознаат вистинскиот пат.

Да ги направиме малите работи големи. Да им подариме насмевка на другите луѓе.

Да сакаме што повеќе. Да им кажеме на блиските луѓе дека ги сакаме, дека ни се важни, затоа што не знаеме кога ќе го напуштат редот и тогаш веќе нема да има можности.

Да не жалиме за ништо, освен за љубовта.