Порака на денот: Тоа што треба да се случи, ќе се случи

Тоа што треба да се случи, ќе се случи, колку и да треба да почекаме.

Некогаш се чувствуваме победени, како да немаме контрола над работите што се случуваат во нашиот живот. Понекогаш се чувствуваме како сè да се распаѓа и да ни се лизга од прсти, а не можеме ништо да направиме за да го смениме тоа.

Краевите се особено тешки, уште повеќе ако сме замислувале цела вечност, цел живот со една личност, а мораме да се откажеме од тоа. 

Но, не треба да губиме надеж.

Колку и да звучи клише и колку и да не можеме да го прифатиме тоа во моментот кога се случуваат работите и кога паѓаат како кула од карти, ако нешто не е судено да биде, не можеме ништо да направиме во однос на тоа. 

Не можеме ништо да предвидиме во животот, а понекогаш постои убавина во тоа. Кога една врата се затвора колку долго и да боли тоа, времето секогаш ни носи некоја нова врата која носи нови можности за нас. 

Тоа што треба да се случи ќе се случи. Нашиот живот често е воден од мистериозна сила која ги мести коцкичките во нашиот живот. Едноставно треба да веруваме во тоа.  Врска која се распаѓа, работа која не ја добиваме, оценка која мислиме дека ќе ја уништи нашата апликација за факултет -  колку и да боли, едноставно тоа требало да се случи со причина. Ако смените само едно нешто од вашиот живот, не би биле таму кадешто сте денес. 

Животот е тест кој постојано ни е даден за да видиме колку сме силни. Некогаш чувствуваме огромна сила или моќ, а друг пат слабост која доаѓа од работите кои ги губиме. Но, така е како што е. 

Постои план за она што ни е судено во животот и едноставно мораме да веруваме во него.