Порака на денот: Ти го знаеш својот пат подобро отколку кој било друг

Луѓето секогаш имаат потреба да им кажуваат на другите како да живеат, како да изгледаат, што да јадат и што да прават. 

И тоа понекогаш е навистина фрустрирачки. Сигурно се нервирате кога знаете колку труд и енергија вложувате во вашиот живот, само за некој друг да дојде и да ви соли памет дека не треба така, треба поинаку, дека нивната замисла треба да биде и ваша замисла...

И да, многу нервира.

Но, секогаш кога некој ќе почне да ви филозофира за тоа како треба да живеете и секојпат кога некој ќе се обиде да внесе сомнежи во вашиот живот и да прави да се чувствувате недоверливо кон своите одлуки, запомнете само една работа:

Само вие го знаете вашиот живот, само вие знаете какви се вашите соништа, идеи, мисли и цели. И само вие го знаете патот по кој одите! И вие сте оние кои треба да го водат сопствениот пат низ животот. Другите може да бидат ваша поддршка и да одат покрај вас, но вие одлучувате по која кривина ќе скршнете, вие одлучувате по кој пат ќе одите кога ќе се најдете на раскрсница.

Никој, апсолутно никој не го знае вашиот пат подобро од вас!

И затоа, продолжете да одите со крената глава и чекорете цврсто и сигурно! Само тоа е важно!