Порака на денот: Тешките моменти создаваат силни луѓе

Ако не сте се соочиле со темнината, како ќе знаете да ја цените светлината? 

Контрастот е неопходен и тој му дава на човекот подлабоко знаење. Сите живееме во свет на дуализам: горе и долу, топло и ладно, добро и лошо. 

Болката нè учи повеќе да ја цениме среќата. Дури кога ќе се соочиме со тешки моменти, почнуваме многу повеќе да ја го цениме она што го имаме и стануваме посилни луѓе. Само предизвикувачките животни ситуации прават борци од луѓето. 

По тешките моменти стануваме свесни за своите квалитети и вредности и се ослободуваме од сите стравови и кочници кои нè спречуваат.

Животот е патување кое започнува во главата и завршува во срцето, а животните тешкотии се составен дел од ова патување, кое нè учи подобро да се разбереме себеси и светот кој нè опкружува.

Бродоломите нè поместуваат од удобните зони, а без напуштање на тие места, нема ни напредок.