Порака на денот: Сите имаме свој внатрешен глас, време е да почнеме да го следиме

Постојано во текот на денот, имаме глас кој ни кажува многу, но дел од нас го игнорираат тоа.

Photo by Daniel Xavier

Понекогаш сакаме нешто па си велиме дека многу, ама навистина многу го сакаме тоа. Но, нашиот внатрешен глас ни вели дека можеби подобро нешто чека на нас.

Нашето тело секогаш знае што е најдоброто за нас. Кога чувствуваме одредена непријатност во телото тоа ни испраќа сигнали дека нешто не е во ред или пак дека некоја личност или работа која ја посакуваме, едноставно не е за нас. Но, решаваме да го игнорираме тоа, додека не се убедуваме дека сме биле во право, односно дека нашиот внатрешен глас бил во право.

Сите го сакаме најдоброто за себе, сите сакаме да сме дисциплинирани и да се избориме за она што сметаме дека вреди. Сите велиме ќе се случи ова, ако не го направиме ова... Така, ни минува животот, а голем дел од нас не знаат кои се вистински. Така само брзаме низ животот, победуваме, а можеби нешто одвнатре ни вели дека не е тоа тоа.

Голем дел од нас имаат усвоено некои принципи или вредности од луѓето околу нас или пак општеството. Но, можеби треба да направиме еден тест и да се обидеме да го слушнеме својот внатрешен глас и интуиција и да видиме што тие имаат да ни кажат.

Но, во нас лежи огромно знаење, а тоа е акумулирано од нашите чувства, искуства и потреби. Тоа ни вели да не функционираме на авто-пилот, туку да се слушнеме себеси за сите наши потези и одлуки. Не ни е потребно премногу логика, рационализирање. 

Тој глас, таа мудрост постои во нас. Сите го имаме. Можеби е запоставен, можеби повторно бара од нас да биде слушнат. Можеби бара различни начини да ни даде насока. 

Некогаш доаѓа како мисла, некогаш како чувство, па дури и како физички симптом.