Порака на денот: Што и да е ќе помине, но минатото со причина е минато

Сите години се различни, но 2020 беше особено тешка за сите нас. 

Животот ни донесе куп тешкотии со кои моравме да се соочиме на сосема нов начин бидејќи беа сосема нови за нас. Но, голем дел од луѓето прекинаа врски, изгубија драги личности, изгубија работа и прекинаа значајни пријателства. 

Не можеме да се вратиме назад, не можеме да го смениме времето. Единствено што можеме е со позитивна мисла да гледаме напред и да си кажеме дека овој живот вреди да се живее, а иднината сигурно носи нешто убаво.

Ако ги заглавиме своите мисли на она што се случило или пак анализираме што би било кога би било, нема да стигнеме никаде. Веројатно во сите наши животи постои барем една нишка среќа, едно зрнце надеж дека сепак не е сè така црно, а и дека минатото не е толку убаво колку што го замислуваме.

Декември е месец кој не ни носи голем избор околу тоа што би можеле да правиме, не можеме често да ги гледаме своите блиски, не можеме да патуваме, а и незвесно е сè, но можеме конечно да се ослободиме од минатото – од некои лоши навики, токсични луѓе, врски на кои гледаме со розови очила и стари љубови кои и да се вратат во нашите животи не би ни донеле ништо добро.

Без оглед на тоа дали веруваме во Бог или некаква друга сила, минатото е минато со причина. Таму треба и да остане. Нема потреба да се навраќаме наназад, можеме само да погледнеме напред, да се потрудиме да видиме своја светла иднина. Можеби сме имале убави денови во минатото, но тоа не значи дека тие нема да се случат и во иднината.

Време е конечно да му дозволиме на минатото да остане таму кадешто припаѓа. Неговото место не е во сегашноста. Ние избираме!