Порака на денот: Што е храборст?

 

Има моменти во животот кога не знаеш што се случува, кога неизвесноста те убива, кога ги оттурнуваш лошите мисли од себе и тие доаѓаат и заспиваш со нив, кога си ветуваш дека ако се биде добро овојпат, целосно ќе го промениш сето она што одамна знаеш дека треба да го промениш. Кога се трудиш да не видиш ништо на себеси, но темните кругови и лудиот притисок ве издаваат.

Се смируваш и чекаш, собираш сили за секое можно сценарио, и милион сценарија во главата. Доаѓаат тие моменти и сфаќаш дека не се прашуваш многу, речиси ништо, па се што треба да направиш е да ја кренеш главата и да бидеш храбра.

Бидејќи „храброста не секогаш рика како лав, понекогаш тоа е само уморен мал глас кој вели: „Ќе се обидам повторно утре“.

„За моја душа“