Порака на денот: Секогаш ќе се прашуваме што би било кога би било, но не можеме да се вратиме назад

Колку често погледнуваме назад кон минатото, посакувајќи работите да беа поинакви?

Photo by Anita Austvika on Unsplash

Се потсетуваме на пропуштените шанси или пак си велиме дека можеби не сме биле доволно среќни за да дојдеме до некои нешта, или пак да останеме во животот на одредени луѓе.

Но, длабоко во себе знаеме дека не можеме да го смениме минатото. Не можеме да се обвинуваме себеси или пак друга личност за нешто што се случило како што се случило. Едноставно, така е како што е. Не можеме да ги смениме работите.

Единствено што можеме е да погледнеме напред и да се фокусираме на оние работи кои чекаат на нас – добри луѓе, моменти, спомени, нови искуства.

Штом станеме свесни за тоа, полека можеме да се ослободиме од товарот и да сфатиме дека не можеме да влијаеме на минатото, но можеме да имаме влијание на она што се случува во нашиот живот, тука и сега.

Некои луѓе или работи едноставно можеби не се судени за нас. Колку и да се надеваме, колку и да планираме, некои работи не испаѓаат онака како што сакаме. Којзнае зошто е така. Можеби иднината ќе ни го даде вистинскиот одговор.