Порака на денот: Секогаш бидете најдобрата личност која можете да бидете

Секогаш бидете најдобрата личност која можете да бидете. Бидете љубезни дури и кога сте уморни. Бидете разумни дури и кога сте лути. Направете повеќе отколку што се барало од вас и не барајте ништо за возврат. Немојте ни да очекувате ништо. 

Слушајте кога некој зборува и навистина слушајте, немојте само да размислувате што ќе одговорите. Кажете им на луѓето дека ги сакате и дека ги цените. Правете добрини за нив. Бидете најголемата личност која можете да бидете и кога ќе згрешите, надоместете во следниот момент или следниот ден. 

Дали има една работа која никогаш не би требало да ја направите? Никогаш не го минувајте вашето време обидувајќи се да им докажете на луѓето дека вие сте добри и прекрасни, вашите дела ќе зборуваат сами за себе, а на оваа земја имаме ограничено време, па не треба залудно да го трошиме.

Ако некој не го гледа вашето светло, не се грижете. Како молци, добрите луѓе се привлечени од светлината и тие ќе дојдат, кога-тогаш.