Порака на денот: Се одбирам себеси!

Поголемиот дел од својот живот го поминав обидувајќи се да им угодам на другите, да не повредам никого. Секогаш бев фината и пристојна девојка. Поголемиот дел од животот се трудев да бидам помалку чувствителна, да не ги покажувам солзите пред секоја неправда која ми е нанесена. Се грижев за другите и сакав некој да се грижи за мене. Сакав луѓето да ме сакаат. Сакав некој да ме посакува. Сакав да ме прифатат.

Поголемиот дел од животот не бев среќна. Постојано се жртвував себеси. Давав сѐ од себе за да ги усреќам другите, а јас страдам. Никој не го виде тоа. Уморна сум.. Уморна сум од тоа да бидам туѓа идеја за тоа што значи да се биде добар човек. Уморна сум од удоволувања, правдања... Уморна сум. Доста ми е од сѐ.

Јас вредам, јас сум важна, јас постојам! Моите мисли се важни. Моите чувства се важни. Моите зборови се тука, слушнете ги, слушнете ја мојата вистина. И ако тоа ве лути и прави да се чувствувате непријатно, е па да знаете дека јас се одбирам себеси и својата вистина. Одете си ако тоа прави да се чувствувате непријатно. Заминете си, затоа што јас ги бирам моите чувства и себеси. Одете си, олеснете ми.

Ова сум јас! Мислам онака како што мислам, изгледам онака како што изгледам, го чувствувам она што го чувствувам, сакам онака како што сакам. Тоа сум јас, целосна и прекрасна и не сум дел од вашиот шаблон во кој сакате да ме стиснете.

Никој повеќе нема да ме менува само затоа што не одговарам на неговата идеја за мене. Ако треба да се променам, јас ќе бидам таа што ќе ја донесе таа одлука, јас ќе се променам, ако јас мислам дека треба.

Или прифатете ме оваква или продолжете си по патот. Земи или остави, нема трето. Нема повеќе да живеам со половина срце. Кога ќе бидам лута, ќе го покажам тоа. И натаму ќе бидам внимателна и сочувствителна кон другите, но нема да ја разголувам својата душа пред секого. Мојата среќа сега е на прво место.

Искрена сум, ќе се смеам, ќе плачам, ќе пеам, ќе љубам. Го избирам она што мене ми е важно. Она што е добро за вас, можеби не е добро и за мене. Одбирам да бидам среќна. Сите ние имаме право на избор. Јас се избрав себеси!