Порака на денот: После секоја темна ноќ, доаѓа нов ден!

Во животот доаѓаат толку темни денови. Навистина темни, да не можеш прст да видиш пред себе, да мислиш дека нема излез и дека ќе останеш заробен во темнината на твојата душа. И лежиш, плачеш, се сожалуваш, сакаш да направиш сè што можеш барем за миг да ја видиш светлината. 

И тогаш кога најмалку ќе очекуваш, срамежливо, од никаде-некаде, ќе го видиш првиот мал зрак светлина. Ќе дојде одеднаш, најчесто во форма на мала насмевка, убав збор од некого. Потоа постепено ќе гледаш како таа светлина станува сè поголема и поширока. 

И одеднаш, чекорот ти станува полесен, насмевката почеста и поискрена, забележуваш како сè почесто се смееш од срце и гласно и сфаќаш дека светлината е тука, во полн сјај и дека темнината ја нема повеќе. И така до следниот пат и постојано така во круг.

Таков е животот, веројатно ни ја дава темнината за да можеме повеќе да ја цениме и да ѝ се радуваме на светлината. 

Но, она што е најважно е никогаш да не се откажуваме и да запамтиме дека после секоја темна ноќ, доаѓа нов ден и ново утре!

Исто како што сонцето заоѓа навечер и изгрева наутро, така и светлината во нашиот живот ќе се појави и ќе блесне во полн сјај дури и кога сè околу нас е темно и мрачно!

И кога тоа ќе се случи, тоа е навистина прекрасна глетка и прекрасно чувство, наше е само да истраеме!