Порака на денот: Погрешно е мислењето дека другите живеат подобро и посреќно од нас

Во ера на социјални мрежи, сите понекогаш мислиме дека другите живеат подобро од нас.

Но, тоа не е вистина, бидејќи на социјалните мрежи гледаме само еден дел од нивниот живот. Кога ќе погледнеме една убава и среќна слика, исполнета со убави бои и филтери, ретко помислуваме на тоа дека можеби испаднала таква по сто обиди.

Вистина е дека сите умееме онака како што знаеме и можеме. Условите не се секогаш исти за сите од нас и често доаѓаат и тешки времиња, но ако седнеме и споредуваме, секогаш ќе ја губиме таа битка, бидејќи имаме информации и комплетна слика само за нашиот живот, но не и на другите со кои се споредуваме.

Од друга страна, погрешно е да мислите дека треба да бидете подобри од другите. И тоа е уште една битка која нема да ви донесе среќен крај. Она што е најважно е да се фокусирате на личниот развој и напредок и да бидете подобри од себе, од она што сте биле вчера, пред еден месец или една година.

Затоа, следен пат штом ќе го помислите тоа, ослободете се од таквите токсични и лоши мисли. Посветете се на своето живеење и на она што ве прави среќни. Само така ќе живеете исполнет и среќен живот.