Почетокот на годината е период кога си поставуваме нови цели.
Photo by Rhett Wesley on Unsplash
Но, еден од најважните приоритети кои треба да ги имаме, без оглед на периодот во годината е тоа да се цениме и сакаме себеси. Некогаш ќе мораме да правиме тешки нешта, да носиме тешки одлуки, но не смееме да дозволиме да го трошиме животот на луѓе кои не се подготвени да нè сакаат.
Не ги терајте на тешки разговори, ако немаат што да ви кажат. Не ги ставајте на прво место, ако тие на вас гледаат како на опција. Престанете да вложувате љубов онаму каде што ја нема, од другата страна.
Некогаш инстинктот ни вели дека работите ќе се променат, но тоа некогаш не е ни важно, ако ние самите се изгубиме во желбата да бидеме сакани. Никогаш не смееме да заборавиме на почитта кон себеси. Не можеме на прво место да ставиме друга личност, а да заборавиме на себеси.
Во моментот кога ќе почнеме да си ја даваме себеси љубовта која сме ја давале кон другите кои не го заслужуваат тоа, ќе си ја повратиме самодовербата и ќе ја привлечеме љубовта која ја заслужуваме.
Вистината е дека не си одговараме со сите луѓе на овој свет, колку и да сакаме љубовта да успее со одредени личности. Постојат милијарди луѓе на оваа планета, а некогаш ќе ја запознаеме вистинската. Но, оној кој не покажува дека нè сака, дефинитивно не е таа личност која посакуваме да биде.
Никој не мора да се смени заради нас, но ние имаме обврска да смениме одредени нешта, за себеси.