Порака на денот: Ова е ваш живот и ваше е да го живеете по свои правила

Секој од нас се движи низ животот по свој ритам и динамика.

Често општеството ни вели дека мораме да постигнеме некои работи до тогаш и тогаш, но на сите нас ни е потребно различно време и имаме различни приоритети и животни услови тоа е сосема во ред.

Не дозволувајте никој да ве брза и да ви вели дека немате време. Можеби некогаш ви е потребно повеќе време да се решите за нешто и да донесете одредена одлука и тоа е ваше, само ваше. Никој не може да ве брза, да ви вели дека доцните и дека животот не чека на вас.

Она што е најважно е дека никогаш не треба да престануваме да вложуваме во себе и да учиме.

Некои луѓе дипломираат на 21 година, па потоа не постигнуваат премногу во животот бидејќи можеби се мрзеливи. Други пак, го завршуваат своето образование подоцна, но успеваат да го работат она што ги прави среќни. 

Некои стапуваат во брак на 20, други на 40, трети ја наоѓаат својата сродна душа на 60 години. Не постои вистинска временска формула кога нешто треба да се случи или пак кога треба да си кажеме дека можеби е предоцна и не заслужуваме нешто.

Предоцна е само кога не правиме ништо за себе, кога се плашиме од животот и од мислењето на другите луѓе и не си дозволуваме да си ја пробаме среќата. Тоа е најголемата грешка која многумина од нас ја прават.

Не постои правило или некаков совршен тек по кој треба да се водиме, бидејќи дури и да го направиме тоа, успехот не ни е секогаш загарантиран. Тој зависи од многу фактори.

Затоа, без оглед на возраста, секојдневно давајте си шанса да пробувате мали нешта, да бидете љубопитни, да осозновате и учите, но и да запознавате нови луѓе. Не дозволувајте никој да ви кажува дека тоа едноставно не треба така, бидејќи луѓето кои делат совети се оние кои воопшто не живеат.

Ова е ваш живот и ваше е да го живеете по свои правила.