Порака на денот: Ослободи се од лутината пред да те изеде одвнатре

Колку е лесно да се лутиме. На сѐ: на општеството, на пријателите, на светот, на саканите...

Но, колку често се обидуваме да се ставиме во кожата на другиот? Колку често се трудиме да ги земеме предвид и чувствата на другите?

Зошто постојано се лутиме? Зошто секогаш се трудиме да најдеме мана, негативно чувство или причина за да бидеме нервозни?

Животот е краток и доволно тежок. Не мора дополнително да го отежнуваме, не мора постојано да бараме причина за да бидеме лути и негативни.

Лутината и огорченоста нѐ јадат одвнатре и ако не се ослободиме од нив и не ги замениме со спокој и внатрешен мир, ќе нѐ уништат.

Време е да си го најдеме внатрешниот мир, време е да го најдеме она што нѐ исполнува, време е да почнеме да живееме, отворено и во мир со себе и со другите околу нас. 

Не е секогаш лесно, но вреди!