Порака на денот: Ослободи се од лутината

Денес нека биде денот кога ќе престанат да ве прогонуваат духовите од вашето минато. Она што се случило во минатото е само едно поглавје од вашата приказна и не ја затворајте целата книга, туку само поминете на следната страница.

Секој од нас бил повреден од сопствените одлуки и од некои луѓе и иако болката од овие искуства е нормална, понекогаш предолго ја задржуваме во нас. Чувството на лутина нѐ поттикнува повторно да ја преживуваме болката и не ни е лесно да се ослободиме од неа.

Простувањето е лек. Простувањето ви дозволува да се фокусирате на иднината без да се борите со минатото. Клучот на нашето согледување на неограничениот потенцијал на сѐ што нѐ турка напред, лежи во простувањето на сѐ што е веќе позади нас.

Без простување, раните никогаш нема да се залечат целосно и не може да се постигне личен развој. Тоа не значи дека треба да го избришете минатото или да заборавите дека некои работи се случиле.

Тоа значи да се ослободувате од лутината и болката и наместо лутина и болка да изберете да учите од одредени искуства и да продолжите со животот.