Порака на денот: Никој не може да ви ги одземе убавите моменти кои ви ја исполниле душата

Последниот костум кој ќе го облечеме нема џебови, затоа што не ни се потребни. Ништо не можеме да понесеме со себе, освен својата душа. 

Затоа е штета целиот живот да го посветиме на полнење џебови, а да ја запоставуваме душата.

Затоа подобро е да собирате прекрасни искуства, лекции и убави моменти, отколку да собирате работи кои не ви се потребни.

Работите некој може да ви ги украде, да се расипат или да исчезнат, но убавите моменти кои ви ја исполниле душата и лекциите кои сте ги научиле, никој никогаш не може да ви ги одземе. Тие работи вечно ќе бидат ваши.

Размислете со што ќе ја исполните вашата душа денес. Прошетајте, позборувајте со некој кој ви значи, пуштете ја вашата омилена музика и пејте на цел глас!