Порака на денот: Никој не е подобар од тебе!

Заборави што прават другите. Престани да гледаш каде се и што имаат. Никој не е подобар од тебе, затоа што никој не може да биде подобар од тебе. Ти одиш по сопствениот пат.

Понекогаш, причината поради се бориме со сопствената несигурност лежи во тоа што го споредуваме она што нам ни се случува зад затворени врати со она што другите го презентираат во јавност. Ја слушаш бучавата на светот, наместо себе. Престани да се споредуваш! Слушај го својот внатрешен глас. Терај си ја својата работа.

Чувајте ги своите желби и цели блиску до своето срце и секојдневно посветувајте се на тоа да ги остварите. Не се плашете да одите сами и не се плашете да уживате во тоа. Не дозволувајте нечие незнаење, драма или негативност да ве спречи да бидете најдобри што можете. Продолжете да го правите она што знаете дека е правилно за вас. Кога ќе се сосредоточите на мирот во себе, речиси ништо нема да може да ве потресе!