Порака на денот: Негативноста на другите луѓе не е ваш проблем

Бидете позитивни кога негативноста ве опкружува! 

Смејте се кога другите сакаат да ве понижат. Тоа е лесен начин преку кој можете да го задржите вашиот ентузијазам и фокус. Кога луѓето се однесуваат лошо кон вас, бидете она што сте. Немојте никогаш да дозволите нечија огорченост да ве менува. Не ги сфаќајте работите лично, дури и кога делуваат такви. Луѓето ретко ги прават работите заради вас. Тие обично го прават тоа за себе.

И над сè, немојте да се менувате за да импресионирате некој кој вели дека не сте доволно добри. Менувајте се затоа што тоа ве прави подобра личност и затоа што тоа ве води кон подобра иднина.

Луѓето ќе ве озборуваат без оглед на тоа што правите и колку добро го правите тоа. Затоа грижете се за себе, не за она што го мислат другите. Ако верувате цврсто во нешто. Немојте да се плашите да се борите за тоа. Големата сила доаѓа од надминување на она што другите мислат дека е невозможно. 

Само еднаш го имате овој живот. Искористете го мудро. Правете го она што ве усреќува, она што прави да се чувствувате како подобра личност и она што ви носи насмевка на лицето!