Порака на денот: Не треба да барате ничија дозвола за да го живеете вашиот живот

Никому не должите објаснување. Не морате никому да се оправдувате. Не треба да барате ничија дозвола за да го живеете својот живот и за да бидете мирни, среќни и исполнети.

И онака секој има своја вистина и своја точка на гледање на работите. И секој има своја идеја за тоа како треба да живеете вие. И тоа најчесто се луѓе кои и самите не живеат среќен и исполнет живот. 

Затоа живејте по свое. А другите ќе го почитуваат тоа во зависност од тоа колку и самите го почитувате тоа. И ќе ве сакаат онолку колку што вие се сакате себеси. И покрај вас ќе бидат вистинските луѓе, останатите не ви ни требаат.

Ако храбро чекорите по својот пат, ќе видите дека и луѓето ќе се менуваат заедно со вас. Затоа, бидете свои. Не се грижете за останатото, затоа што и онака коцките ќе си се наредат како што треба. Вие не сте се родиле за да бидете просек, туку најубавиот оригинал. Ѕвезда! И тоа најсјајната ѕвезда! 

На светот му се потребни луѓе како вас. Колку и да мислите дека не сте важни – треба да знаете дека навистина сте важни! И затоа одете по својот пат и живејте ја вашата вистина.

Сѐ останато е навистина бесмислено!