Порака на денот: Не слушајте што зборуваат, гледајте што прават

Има луѓе кои имаат неверојатен талент за зборување. Секогаш знаат да ги кажат вистинските зборови во вистинско време. Знаат да направат да се чувствувате како најважната личност на светот. Секогаш слаткоречиви, секогаш шармантни, полни со прекрасни зборови и прекрасни ветувања.

За жал, најголемиот број слаткоречиви луѓе имаат талент за зборување, но не и за дејствување. Тие ќе ви ветат многу работи, но нема да исполнат ниту една работа. И додека се свестите, ќе се најдете себеси во комплетен хаос, сами и со изневерени очекувања и повредена  душа.

Сите сме имале пријатели, партнери, соработници кои ни верувале брда и долини, но на крајот нѐ оставиле сами да го средуваме хаосот кој тие го оставале, додека тие веќе преминале на својата следна жртва.

Тоа се манипулатори и користољубиви луѓе, чие его ги надминува сите граници, а етиката и моралот се непознати зборови во нивниот речник.

За жал, сите сме биле жртви на вакви луѓе, но за среќа има начин како да избегнеме понатамошни разочарувања во животот.

Правилото е многу едноставно: Не слушајте што зборуваат, гледајте што прават!

Вредноста на човекот и тоа колку му значите најдобро се проценува преку неговите дејства. Бегајте од луѓе кои секогаш викаат дека ЌЕ направат нешто, а никогаш не го прават тоа. Внимателно набљудувајте ги луѓето и начинот на кој се однесуваат со вас, тоа е единственото нешто на коешто треба да верувате и единственото нешто коешто јасно и гласно кажува за каков човек станува збор.

Постапките се погласни од сите најубави и најслаткоречиви зборови на светот!